Кеш, секс и автомобили: Тајни клубови за размазените деца на кинеските богаташи

СПОДЕЛЕТЕ

Кинеската елита се богати со брзина на светлината, при што милијарди долари се испраќаат надвор од земјата. Значаен дел од ова богатство завршува во САД, во рацете на нивните деца кои се образуваат.

Стотици кинески студенти возат луксузни лимузини како што се Масерати или Ферари, и ниту малку не заостануваат зад богатите тинејџери од Беверли Хилс.

Своето богатство го прикажуваат на дискретни приватни забави, како и на специјализирани интересни страници, каде овие млади (покрај „фалењето“ со нивните невозможно скапи спортски автомобили) имаат само една цел: да најдат девојка со која ќе ја поминат вечерта.

Слободата која им ја нуди „западот“ на младите Кинези, е вистинско исполнување на нивниот „американски сон“, бидејќи дома не можат така спонтано да се расфрлаат со нивното богатство.

Сразмерното зголемување на бројот на супербогати во Кина, само „Бентли“ оваа година двоструко го зголеми извозот на 1839 возила. Минатата година пак, бројот на милијардери во Кина двојно се зголеми, и денес има 271. Истовремено, живеат околу 960.000 милионери, што е за 85.000 повеќе од пред две години.

- Реклама -