Важно: Ако вашата сакана користи анти-беби пилули…

СПОДЕЛЕТЕ

Запознавте прекрасна девојка, излегувате, забавна е, паметна, поминува време, сексот е супер, ја сакате и сакате да се жените… Почекајте, прво прочитајте го ова.

Кога е во прашање идната мајка на вашите деца, ова е многу важно да го знаете. Ако вашата избраничка користи орална контрацепција, тоа може да биде меч со две острици и може многу да ве чини, ако не сте претпазливи. Многу е важно, пред работите да станат екстра-сериозни, да поминете некое време заедно, додека таа паузира или откако ќе престане со анти-беби пилулите. Насетувате за што се работи?

Зборуваме за хормоните. Имено, додека таа е на пилули, таа всушност и нема објективен увид во тоа колку и се допаѓате, особено физички и сексуално. Добро познато е дека анти-беби пилулите влијаат на хормоните, а додека тие не почнат нормално да функционираат, вашата сакана нема вистински да знае дали сака баш со вас да го помине животот или дали сака баш вие да сте татко на нејзините деца.

profimedia-0007324183-2-670x447[1]

Проблемот е во тоа што девојките на хормонална контрацепција не се толку пребирливи и многу е веројатно да прифатат да бидат во врска со некој за кој, кога хормоните би работеле нормално, би сфатиле дека воопшто не е сексуално привлечен. Дури и сексот да ви бил совршен додека земала пилули, кога таа ќе престане со хормоналната контрацепција, можно е да посака (дури и сосема несвесно) да и направи дете некој екстремно згоден маж, а не вие. Студијата објавена во “Proceedings of the National Academy of Sciences” открива дека жените кои не подложат на хормонска терапија главно ги привлекуваат мачо-типови.

Жените кои се на пилула имаат поголеми шанси да ги привлече некој што не е толку физички привлечен. Кога ќе престанат со терапијата често се разочарани, бидејќи избраникот им станува непривлечен. Тоа нема никаква врска со љубовта или блискоста. Тука зборуваме за „хемијата“.

Затоа, бидете внимателни и осигурајте се дека сте навистина она што таа го сака (и свесно и потсвесно), за да се поштедите од страдање и вие, и таа.

- Реклама -