Нова горила ќе ги штити смартфоните од кршење на екранот

СПОДЕЛЕТЕ

Gorilla Glass 4 е најновиот заштитен панел за дисплеите на смартфоните кој ќе биде два пати поцврст од неговиот претходник и на новите смартфони од 2015 година ќе им обезбеди значителна издржливост со што конечно ќе добиеме цврсти екрани кои нема да се распарчат при удар.

Според изработувачот Corning новиот панел во 80 проценти од падовите во височина од 1 метар на тврда подлога успева да преживее без никакви оштетувања. Панелот Gorilla Glass 4 е потенок од Gorilla Glass 3 со 0.5 милиметри, но е двојно погуст што му дава повисок степен на отпорност.

Со оваа технологија Corning најверојатно ќе успее повторно да се наметне кај производителите на смартфони и таблети бидејќи нуди одлични перформанси, висок степен на видливост и минимален ризик од оштетувања. Сличен проект најави Apple но, со употреба на панели од сафир кој на крајот заврши неславно со банкрот на фабриката која требаше да ги произведе заштитните стакла за iPhone 6.

 

Извор: Телефони.мк
- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ