Цената на знаењето

Моторот на еден брод се оштетил. Сопствениците викале какви ли не специјалисти, но никој не можел да го поправи дефектот.

Конечно дошол еден човек, кој се занимавал со тоа од мало момче. Тој носел со себе голема торба со алатки и започнал со работа веднаш штом пристигнал. Го проверил моторот многу внимателно, без да го испушти и најмалиот детал.

Двајца од сопствениците на бродот биле во тоа време таму и се понадевале, дека конечно се најде човек кој знае што прави.

Откако прегледал се, човекот посегнал по чантата и извадил мал чекан. Потоа чукнал на едно место сосема нежно и го оставил чеканот. Моторот работел! По една недела сопствениците добиле сметка за десет илјади долари.

– Што? останале навредени тие. Па тој едвај ја допре машината! Затоа му испратиле на мајсторот писмо со барање да прецизира каква точно работа е завршена за оваа сума.

Човекот им вратил нова сметка и таа изгледала вака: Користење на чеканот: 2 долари. Познавање каде да чукнеш: 9998 долари.

- Реклама -