Пристигна Барби со акни и целулит

СПОДЕЛЕТЕ

Нормалната Барби е со тело на просечна девојка, а дополнително можат да и се додаваат акни, целулитм стрии.

„Сакам да покажам дека реалноста е кул“, вели Николај Лим, графичкиот дизајнер кој ја создаде Lammily Doll. Куклата е реална верзија на барбика, односно изгледа како што би изгледала Barbie кога би имала реален изглед на просечна 19-годишна девојка.

Ова почна како уметнички проект минатата година, а за кратко време Лим почнал да добива барања на мејл од родители кои прашувале кога и каде можат да ја набават куклата. Тогаш решил да започне кампања за онлајн собирање пари со цел да го започне производството. Стигнал до 501.000 долари, иако целта му била 91.000 и заклучно од средата Lammily Doll е достапна за купување.

screen-shot-2014-11-19-at-2-03-06-am

Лим направи и видео каде ја покажува разликата помеѓу реалната кукла и изгледот на една барбика. Lammily е бринета, со пропорции на просечна девојка.

Доаѓа со додатоци како налепници со пеги, акни, целулит, лузни – нешта што се реалистични за секоја жена во светот.

Реакциите на луѓето на Lammily се позитивни, како на родителите така и на малите девојчиња.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ