Денеска е светскиот ден на децата

На 20 ноември го одбележуваме Светскиот ден на детето. На овој датум во 1959 година на Генералното собрание на ОН е донесена Декларација за правата на детето во која основниот принцип е: “Човештвото е обврзано да му го даде на детето најдоброто од себе!”

На 20 ноември во 1989 година е усвоена Конвенцијата за правата на детето. На овој ден светските лидери создадоа глобален договор за признавање и заштита на правата на детето. Во Конвенцијата е инкарниран духот на меѓународната солидарност за почитување на детските права.

Сите одредби на меѓународниот чин го промовираат заедничкото разбирање за потребата од заштита на детството, како пресуден период за развојот на секое човечко суштество. Конвенцијата не е само листа, туку е чин со обврзувачка сила и тоа значи дека како државата, така и општеството, треба да обезбеди можности за поефикасна заштита на правата и интересите на децата и да ги прошири нивните можности за активно вклучување и учество во општеството. Сите треба да се соочиме со нејзините предизвици. Да се научиме да не им предизвикуваме болка и да ги опкружуваме со љубов и топлина.

10724610-R3L8T8D-1000-zdjc499cie-3-5

Од нас – возрасните зависи децата да се насмевнат и да имаат  детство, какво што заслужуваат. Никогаш да не заборавиме дека децата се нашето подобро утре, тие се утрешните возрасни, кои ќе управуваат со светските дела. Децата ја  носат во себе промената која што сите ја очекуваме. Секое дете има право да биде почитувано! Секое дете има право на развој и заштита! Секое дете има право да расте во семејна средина или во средина блиска до семејната! Сите деца имаат еднакви права! Добро е, барем на 20 ноември, секој еден од нас да го слушне гласот на детето, кое сака да биде разбрано, да се почитува, да не биде злоупотребено, напуштено; детето кое сака родителите да имаат повеќе време за да зборуваат со него; детето кое сака во училиште да не биде само ученикот; детето на кое му должиме безбедна јавна средина, внимание и почит. Да го чуе гласот на децата кои не одат на училиште, бидејќи се различни, на децата со посебни потреби и на нивните семејства, на децата на улица, децата – жртви на трговија и насилство. Тоа се гласовите на нашите деца!

10712460-R3L8T8D-1000-snoop-1

Да не дозволиме сиромаштијата да доведе до социјално исклучување на децата, особено на најранливите групи, како децата кои живеат во сиромаштија; децата со отежнат развој; децата лишени од родителска грижа.

Да им обезбедиме детство, на кое што тие еден ден ќе ни бидат многу благодарни.

Во продолжение песна „За сите деца“,

- Реклама -