CNN: Македонија е единствената земја на планетата што има над 30% невработеност

Во една од емисиите на CNN, која ја води новинарот и автор Фарид Закарија, вчера беше спомната и Македонија, но не во позитивен контекст.

Имено, во делот од емисијата во кој се зборуваше за популарните заблуди кај Американците (како на пример, колку имигранти или бремени тинејџерки има во земјата), тема беше погрешниот впечаток за стапката на невработеност во земјата дека таа е многу поголема отколку што навистина е, односно мислат дека е 32 отсто.

„Вистината е дека стапката на невработеност во САД е поблиску до 6 проценти, се разбира. Всушност, ние успеавме да најдеме само една земја на планетава, Македонија, која има невработеност од над 30 проценти во последниве години, според податоците на ММФ.“

Вреди да се спомне и тоа што во видеото додека се зборува за Македонија се прикажува и снимка од градот Солун.

- Реклама -