За невработените: Што да работиш ако немаш работа?

СПОДЕЛЕТЕ

Имате проблем со наоѓање на работа, платата не ви е доволна за да ги покриете животните трошоци, или студирате па немате време за работа со полно работно време? На интернет пронајдовме неколку краткорочни решенија. 

Заработувачка со текстови  – Од 3 долари, па се до 50 и 100 долари за текст.

На интернет е можно се, па и да се заработи. Одередени текстови добро се плаќаат, а не е тешко да се напишат. Доколку совршено владеете англиски јазик, пребарајте сајтови коои имаат потреба од автори и видете колку се заработува по текст.

Sales pages/sales letters – Ова се страни на кои што се нуду-продава некој производ или услуга;  sales letters се писма (воглавно мејлови) чија што задача е иста. Вашата работа како пишувач (copywriter) е да направите убедлив текс, со кој што ќе ги убедите луѓето да го купат она што вашиот клиент го нуди.
E-books – Електронските книги се веќе озбилна задача, но постои потрага за пишувачи, така што се исплати да го специјализирате тоа. Во принцип, тоа се текстови од по неколку илјада зборови, прегледно поставени и јасно напишани. Практично мини-книги.

Ако сте решиле да се обидете во оваа област, препорачуваме да почнете на Elance, платформа за брзи работи за фриленсери од различни профили. Повеќе детални објаснувања и совети за овој тип на работа можете да најдете и на овој сајт.

Семинарски и дипломски

Овде станува збор за типови на работи што не можете да ги најдете на „отворено“, но можете добро да ги наплатувате. Доколку сакате да се пробиете почнете со пониски цени по страна, а доколку сте квалитетни можете да ја подигнете цената по некое време.

Статисти

Популарно е да бидете вклучени во снимање на серија, реклами или филмови. Во Македонија најчесто цената е од 1000 до 3000 денари на ден, зависно од активноста.

Веб дизајн

Денес светот е поврзан на интернет, па во секоја фирма  е потребен веб дизајнер – но, она што не го знае секој, е фактот дека веб дизајнот во основа е доволно едноставен за секој, секако со вложен труд да може да го научи. Зошто не би зеле дел од тој колач? Изработката на сајт се наплатува од 50 евра нагоре, до некои астрономски цифри. Ваше е да научите како се прави тоа, а можете и со помош на туторијали на Јутуб.

Исто така, програмирањето е вештина која секој ден се повеќе се почитува. За многумина чудните знаци и операции се недостижни, но искусните програмери велат деја доколку се има талент за ова учењето не е толку тешко. Проверете дали сте еден од оние среќници на кои им се смешка голема заработувачка, така што ќе го проучите овој фантастичен прирачник за HTML и CSS.

Заработувачка со кликање на реклами и гледање виде на Јутуб

Да, постојат луѓе што плаќаат за ова. Кога некој сака брзо да достигне голем број прегледи, тој се јавува на фирма, која ви праќа линк и вие заработувате.

Погледнете ОВДЕ.

Се надеваме дека ви помогнавме и со среќа во потрагата по постојано вработување.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ