Пожар во Влада (видео)

СПОДЕЛЕТЕ

Противпожарни возила брзо интервенираа на гаснење на пожарот кој утрово избувнал, најверојатно во подрумските простории на зградата на Владата на Република Македонија.

Според последните информации пожарот избувнал како последица на запалување на градежен материјал.

Пожарникарите ги сечат и кршат деловите од новата фасада, за да се дојде до местото каде изби пожарот.

Сите вработени се евакуирани и се на улицата пред Владата. Во Владата се уште се во тек работите на новата фасада, а неодамна објектот претрпе оштетување и од два проектили кои завршија во владината зграда.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ