Фудбал или билијард? И двете – Снукбал

Снукбал е луда комбинација од билијард (snooker) и фудбал. Погодивте; наместо стап, ги користите нозете за да ги внесете топките во дупките. Овој спорт се игра на џиновски билијард „маси“, на кои има доволно простор да застанат неколку играчи.

Во основа, снукбал е игра за двајца, но таблата овозможува да ја играат до четворица играчи. Освен тоа што ги користите нозете, а билијард топките се заменети со фудбалски, правилата се исти како кај билијардот. Сепак, тоа не значи дека наместо стандардните правила, не можете да имплементирате свои. Единствено е важно да се забавувате.

945390_166623673521567_746702385_n[1]

Фудбалските топки изгледаат идентично на нивните билијард пандани, со тоа што се поголеми и полесни. Белата топка е малку потешка од останатите, чисто за играта да биде поинтересна.

Овој откачен спорт е идеја на пар француски претприемачи – Аурелиен и Самуел, кои и од претходно се познати по нивните несекојдневни изуми. Ако сте заинтересирани, можете да ја изнајмите опремата од производителот за околу 500 евра на ден. Ако сте супер-заинтересирани, можете да ја купите опремата за околу 6.000 евра.

- Реклама -