Во Лондон не ги осигуруваат моделите на Range Rover?

Возилата од Range Rover уживаат голема популарност меѓу крадците во Британија, па од таа причина локалните осигуриртелни компании бараат од сопствениците на нови модели на брендот да ги држат на обезбедни паркинг места, во спротивно нема да им важи осигурувањето, соопштува Daily Mail.

 

Од почетокот на година, само во Лондон се украдени близу 400 нови автомобили Range Rover. За споредба украдени BMW X5 возила се околу 80. Крадците користат специјални средства, кои им овозможуваат да го анулираат алармот на луксузните кросовери, да влезат и да го стартуваат моторот. Криминалците ја корист истата технологија за пристап без клуч, кој Land Rover ја спроведе кај најновите модели.

776_Range-Rover-1000-1 - Copy

Неодамна министерот за внатрешни работи на Велика Британија, Тереза Меј, изјави дека е потребно интензивирање на соработката меѓу автомобилските производители и оние кои го спроведуваат законот. Тоа е единствената опција за спречување на кражбите на скапите автомобили.

Според полицијата во Лондон, околу 2/3 од кражбите се со помош на репрограмирани клучеви за стартување на возилата. Благодарение на нив криминалците можат за само 10 секунди да влезат во возилото и без потешкотии да го стартуваат и едноставно заминат. Но, ако тоа е на обезбедено место, регулиран паркинг и слично, таа дејност е малку потешка!

483_Range-Rover-1000-3

- Реклама -