За начинот на кој што влегуваме во врските

СПОДЕЛЕТЕ

Кога слушаме „психолошки или емоционални повреди од детството“, најверојатно веднаш замислуваме сериозни повреди како физичко или сексуално насилство, болни искуства како резултат на разделени или изгубени порано родители, алкохолизам … И за многу луѓе тоа е навистина реалност.

Но, дури и да сме израснале во нормално семејство, во безбедна и заштитена средина, ние сепак ги носиме невидливите лузни на детството, бидејќи од моментот на раѓањето веќе сме едно комплексно суштество, со бројни и тешки потреби за задоволување. Какви родители и да имаме, колку и да се посветени на децата, тие никогаш не би можеле да се соочат во целост со нашите вечно променливи барања.

Додека сме сè уште во мајчината утроба, ние водиме апсолутно безгрижно и максимално задоволено постоење. Не познаваме никакви граници, немаме чувство за природа, за Јас, ниту пак разбирање за тоа дека се наоѓаме внатре во утробата на мајка ни. Ова е совршеното време на доживување на единството и една целина со мајката, ослободено од секакви потреби и непријатност.

commitment-in-relationship

Подоцна ние влегуваме во врските со несвесното очекување дека нашиот партнер ќе успее да ни го овозможи она совршено чувство за целосност што некогаш сме го познавале, но потоа сме го изгубиле.

Предметната фаза на симбиоза продолжува и во првите неколку месеци, кога како бебиња ние доживуваме силен копнеж за поврзување со оној кој се грижи за нас.

Ако сме имале среќа ќе имаме јасна претстава за себе како посебно и независно од другите суштество, но во исто време ќе можеме малку и квалитетно да се поврзуваме со онние околу нас. Со други зборови, ќе изградиме флексибилни граници кои ќе знаеме да ги отвораме и затвораме по сопствена желба. Во присуство на болни искуства од времето на раното детство ни е многу веројатно да се чувствуваме отфрлени од другите или пак да се стремиме прекумерно да се поврземе со нив, без да ги задржуваме границите и на двете страни.

Во таа смисла недостатокот на здрави и во исто време флексибилни лични граници обично е главен проблем за партнерските односи. И така се случува, бидејќи компензираме за она што не сме го добиле некогаш од своите родители, а ни било потребно, или пак слепо ги обновуваме истите болни ситуации од детството, повторно и повторно.

give-your-best-in-relationships1

Недостатокот на здрави и во исто време флексибилни лични граници обично е главен проблем за партнерските односи.

Иако веќе сме големи луѓе, способни сами да се хранат, облечат и исушат, еден скриен дел во нас, се уште копнее надворешниот свет да се погрижи за него. Во моментите кога партнерот не е груб или незаинтересиран од потребите, еден тивок и скриен аларм се активира внатре во нашиот мозок и не исполнува со непознат страв.

Токму овој  аларм игра многу важна улога за љубовните односи. Зошто?

Кога ќе почнеме да лазиме и проодуваме – да се одвоиме од скутот на мајка си – редовно слушаме една од двете опции:
„Не оди во другата соба, ќе се удриш некаде!” И ние брзо се враќаме во најбезбедните прегратки, но внатрешниот порив за автономија останува незадоволен. Тоа предизвикува своевиден страв кај нас, дека засекогаш ќе останеме претопени, нема да можеме да се одвоиме од неа.

„Доста ми висиш на глава, толку работа имам! Оди да си играш и остави ме малку на мира! ”

Тоа се случува кога родителите не се подготвени да ги пресретнат потребите на детето од грижа за самите себе и потоа истото се чувствува напуштено. Подоцна тоа дете ќе развие силна потреба од блискост, ќе сака да прави сè заедно со својот партнер, да бидат постојано заедно. Зборот „развод” ќе го исполнува со ужас и често ќе треба да биде во постојан вербален контакт со некого. На дното на тоа ќе стои едно мало дете кое имало потреба од повеќе време во прегратките на мајка си.

3637997236_relationships_xlarge

Животот, небаре во манифестација на хумор, обично собира парови од двата типа на луѓе што соодветно отвора простор за вечната игра на „цврстина-изблик”, која може да биде повреда и за двете страни.

Ние можеби сме пораснале со родителите кои ги исполнуваат сите наѓи потреби или само некои од нив, но како и сите деца во светот ја познаваме во некоја мера и форма болката од незадоволените потреби и овие потреби не следат во љубовните врски низ целиот живот.

Тоа се важни особини на нашата несвесна, емоционална форма на партнерство, каде сме собрале незадоволени потреби од детството, незадоволени желба да бидеме згрижени, сигурни и заштитени, и сме продолжиле напред по патот на зрелоста.

Постојат и други аспекти од нас кои го одредуваат начинот на кој влегуваме во врски – со нив ќе продолжиме во следната публикација.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ