Запознајте се со Oppo N3: еден од најинтересните смартфони

СПОДЕЛЕТЕ

Оppo ја претстави новата ѕвезда во категоријата смартфони, чиј акцент е ставен на камерата, како што беше и кај претходниот модел.

Новиот 5.5 инчен Oppo N3 импресионира со 16 MP-овата моторизирана камера – селфи камера која е подвижна, дел од рамката и се ротира автоматски при создавање на фотографии. Камерата може да биде управувана и преку Bluetooth далечинскиот O-Click, дозволувајќи не само снимање од далечина, туку и промена на аголот на камерата. Многу кул, нели?

oppo-n3-3

Моторизираната камера отвора бројни можности за фотографирање како што е автоматско создавање на панорами – треба само да го држите телефонот во мирување и камерата ќе се врти, за да сними сè околу вас. Кинезите постигнале и приклучок за правење на 64 мегапикселни слики, со комбинирање на кадри. Смартфонот е опремен и со сензор за отпечатоци, како оние на iPhone и Huawei Аscend Mate 7 кој работи со допир.

N3 нуди спецификации за модерен предводник: 2.3 GHz-ОВ Snapdragon 801 4-core процесор, 2 GB RAM, 32 GB внатрешна меморија, пријатен за гледање 5.5 инчен full-HD дисплеј, NFC и 3000 mAh-ова батерија. За батеријата, телефонот поддржува VOOC полнење, што значи дека ќе се полни од 0% до 75% за само половина час. N3 е двусимов LTE телефон кој прифаќа како Micro SIM, така и Nano SIM. Но ако сакате да додадете microSD слот ќе треба да се откажете од Nano SIM влезот.

Продажбата почнува во декември, по цена од 649 долари.

oppo-n3-4

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ