Home Астал Рецепт за попара – кога завршува месецот

Рецепт за попара – кога завршува месецот

0

И кога во кујната „немате ништо“ веројатно имате леб, сол и млеко.

А тоа е речиси доволно за да се направи вкусна попара. 🙂

Состојки:

1/2 бел, стар леб

300 г. тврдо сирење

1/2 л. млеко

2 лажици маслиново масло или маргарин

– сол

Подготовка:

Во длабок сад на дно сипувате малку вода, само да го покрие дното, додавате млеко, леб исечен на мали парчиња и сирење.

Сето тоа добро го соединувате и го ставате на рингла на оган со средна силина, да не загори, и го готвите мешајки постојано.

Кога лебот ќе омекне и сите состојки добро ќе се соединат, додадете 2 лажици маслиново масло или маргарин, добро промешајте и тргнете од оган,

Пробајте, па ако е потребно додадете малку сол.

Сервирајте ја топла.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here