Стивен Хокинг се зачлени на Фејсбук

Популарниот научник Стивен Хокинг реши да се приклучи на забавата наречена Фејсбук.

Хокинг стана дел од најпопуларната друштвена мрежа на 7-ми октомври, само неколку седмици пред официјалната премиера на „The Theory of Everything“, биографски филм за неговата врска со неговата прва сопруга – Џејн. Премиерата е закажана за 7-ми ноември.

„Секогаш се прашував што е причината што универзумот постои. Времето и просторот можеби засекогаш ќе останат мистерија, но тоа не ја спречи мојата потрага“, напиша астрофизичарот во својот прв пост. „Нашите конекции се зголемија бескрајно и сега кога имам шанса, нетрпеливо чекам да го споделам моето патување со вас. Бидете љубопитни, знам дека јас засекогаш ќе бидам“.

SH_facebook

Фејсбук страната е одржувана од тимот на Хокинг, а сите лично негови постови ќе бидат потпишани со „SH“.

Страната содржи фотографии од присуството на Хокинг на разни настани и институции, вклучувајќи и една од внатрешноста на големиот хадронски колајдер во CERN. Но, не е се така сериозно – може да се најде и видео од неговите деца кои учествуваа во ALS Ice Bucket предизвикот. „Имав пневмонија, па не беше многу мудро да си истурам кофа со ледена вода врз мене“, вели тој, правдајќи се за личното неучество.

- Реклама -