7 причини зошто за викендите треба да избегнувате шминка

СПОДЕЛЕТЕ

Нанесувањето на шминка на лицето е составен дел од утринскиот ритуал на голем број на жени низ целиот свет.

На некои работни места од жените се очекува да имаат совршена шминка или суптилно се препорачува истото. Заради тоа, не е чудно што навиката на шминкање редовно се „пренесува“ и за време на викендот. Ви претставуваме неколку причини зошто овој викенд треба да ги оставите вашата кожа на лицето да дише.

1. Кожата ќе ви биде благодарна. Постојаното шминкање и чистење на вашето лице од шминката остава видливи последици на површината на кожата, а викендот е совршено време за длабока хидратација.

2. Ќе ви биде потребно помалку време за подготвувањето за кафе со пријателите, одењето на шопинг или на пазар.

3. Нема да бидете изложени на ризикот да оставите трага од пудрата на јаката на кошулата која планирате да ја пробате во омилената продавница.

4. Неспоредливото чувство на временските услови на лицето како сонце и ветер. Кога велиме голо лице всушност мислиме на кожа заштитена со крем со УВ заштита.

5. Не мора да се грижите дали сте го избришале карминот по ручекот.

6. Ако сте расположени за романтичен филм со тажен крај или книга со слична содржина, нема да мора да се плашите од одлевање на маскарата од расплаканите очи.

7. Пред спиење не мора да трошите време за миење на шминката за да нанесете ноќна крема.

- Реклама -