Време е да пронајдете време за вашето семејство

Семејството е она во кое што започнувате да ги доживувате најзначајните моменти.

Тоа се моменти кои не можат да траат вечно. Еден заминува, нови доаѓаат, смртта е неизбежна, но она што никој не може да ни го одземе се моментите проживеани во заедница.

Родендени, првите чекори, прошетки, празници…

Денеска живееме во едно време, во кое многу е тешко да пронајдеме слобода за да се видиме со нашите најблиски, да излеземе заедно или да коментираме ТВ шоу.

Сепак, современото општество ни го одзеде најубавото заедничко уживање.

– Тоа е заедничкиот ручек.

Токму така.

Моментот кога семејството е цело, сплотено, ужива во мирисот на кујната и домот.

Моментот кога веруваш дека кај и да сте – секогаш за ручек, заедно ќе сте.

Моментот кога знаете дека сте осудени да бидете заедно и го обожавате тоа.

Драги 365 читатели, ние веруваме дека сите знаеме да заглавиме на работа, дека работното време многупати е само фиктивна рамка, но потрудете се, секогаш кога сте слободни да се соберете заедно на трпезата со своите најблиски. Затоа што, еден ден ќе дојде време кога ќе зажалите за тоа. Кога ќе помислите дека сте можеле поинаку да го организирате времето, дека сте ги измешале приоритетите. Размислете и наздравје 🙂

 

- Реклама -