Еднаш царски, секогаш царски?

СПОДЕЛЕТЕ

Многу жени не претпоставуваат дека ќе се породат со царски рез, а кога ќе дојде до тоа, премногу се возбудени поради доаѓањето на бебето, за да им падне на памет прашањето, зошто морале да бидат породени по овој пат?
Овој операциски зафат се случува од неколку причини од страна на мајката, мајката и детето, или самото дете. Во причините од страна на мајкатаги вбројуваме сите состојби кои оневозможуваат нормално вагинално породување и со тоа ја загрозуваат мајката, а воглавно се работи за несразмерност меѓу ширината на карлицата и големината на главата на бебето.

Но, прашањето кое многу бремени жени го поставуваат е – ако сум се породила еднаш со царски рез, дали ќе морам повторно?

Не мора да значи дека ако еднаш сте раѓале со царски, дека и кај следните породувања ќе се повтори случајот. Тоа зависи од причините поради кои што е направен првиот царски рез. Ако е во прашање нешто што не може да се избегне, тогаш секој следен пораѓај ќе биде на истиот начин.

Еклампсија и прееклампсија се состојби  кои го загрозува животот на мајката, но и на детето. За неа се карактеристични зголемен крвен притисок, отоци на делови од телото и прекумерно излачување протеини, додека во случај на еклампсија бремената жена има грчеви и губење на свеста.

Воглавно царскиот рез се применува во случај на сите тешки болести на мајката, како бубрежните, тешки срцеви заболувања или останати болести на виталните органи, хируршки заболувања, тумор.

Зошто се прави планиран царски рез?

Индикации за планиран царски рез се:

Доколку претходно сте имале царски рез со вертикална инцизија (хируршки рез) на матката, т.н класичен царски рез или пак два или повеќе царски резови со хоризонтална инцизија на матката. Ако веќе сте имале царски рез со претходно породување, наредното може да биде по вагинален (природен пат).
Доколку сте имале операција на матката (операција на миомот).
Доколку носите тројка или повеќе деца во матката.
Доколку носите големо бебе, а имате мала карлица (макрозомија).
Доколку имате Placenta praevia односно плацентата се наоѓа премногу ниско, близу до вратот на матката.
Доколку постои карлична презентација на плодот (бебето е нанапред со нозете а не главата) кај оние со прва бременост или пак коса или напречна положба на плодот.
Доколку бебето е во положба во која неможе да се направи вагинално породување.
Доколку сте носители на некоја инфекција како ХИВ, ХПВ, и генитален херпес.

Кога се прави итен царски рез?

Кога грлото на матката не се отвара доволно.
Срцевите отчукувања на бебето покажуваат состојба, во која бебето не може да издржи доколку се продолжи со вагинално породување.
Папочната врвка е спуштена кај главата на бебето, со што се оневозможува адекватно снабдување на бебето со кислород (пролапс на папочна врвка).
Предвремена абрупција на плацентата (одвојување на плацентата од ѕидот на матката) и при тоа се намалува дотокот на крв до бебето и појава на крварење која доведува до влошување на состојбата на трудницата.
Други причини кои оневозможуваат нормално вагинално породување.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ