Измислија „тренер“ за оргазми

СПОДЕЛЕТЕ

Жените често одат на пилатес, јога или фитнес, но дали на мажите би им се допаднало нивната партнерка да има личен тренер за оргазми?

За среќа овој „личниот тренер” работи на батерии и може да се собере во џеб, розов е и веројатно не би претставувал проблем за ниту еден маж.

Една студија покажува дека повеќе претставници и на двата пола едногласно се согласуваат дека женскиот оргазам е прилично комплексна тема и тешко достапна појава. Статистиката покажува дека околу три четвртини од жените стигнуваат до врвот и задоволство им трае помалку од шест секунди, додека оргазмот со големото „О” е речиси недостижен.

Краткорочното задоволство за жените веќе останува во минатото, благодарение на првиот уред што ќе ги „тренира” дамите да стигнат до екстаза. Изгледа овој уред е навистина неопходен за послабата половина од човештвото, за кои што статистиката тврди дека околу 11 проценти од жените, никогаш немале оргазам.

Уредот користи вибрации, кои и служат на жената како патоказ во која насока да се движи за да ја доживее долгоочекуваната радост. Обуката не го скратува времето што ви е потребно за да се дојде до крајот, но го зајакнува интензитетот на задоволство, што ќе се доживее.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ