Кој го измислил првото огледало?

Огледалото, какво што го знаеме денес, за прв пат се појавило пред речиси 200 години, во Германија.

Во 1835-тата, германскиот хемичар Џустус вон Лајбиг прв го развил процесот на нанесување на тенок сребрен слој на парче проѕирно стакло. Оваа техника подоцна била адаптирана и подобрена, дозволувајќи масовно производство на огледала.

Модерните огледала веројатно потекнуваат од 19-от век, но огледалото како концепт постои многу подолго. Според една студија од 2006-тата, првите огледала датираат од пред 8000 години. За прв пат биле изработени од луѓето во Анатолија, денешна Турција, од земја и полиран обсидијан (вулканско стакло).

Подоцна, околу 4000-3000 година пред н. е., на просторите на Месопотамија (денешен Ирак) и Египет се појавиле првите огледала направени од полиран бакар. Еден милениум подоцна, луѓето во Централна и Јужна Америка почнале да ги прават од полиран камен, додека во Кина и Индија ги изработувале од бронза.

Во првиот век од нашата ера, за прв пат се споменува употребата на огледала, и тоа во енциклопедијата „Историја на природата“ напишана од римскиот автор Плиниј Постариот. Сепак, судејќи по неговите списи, огледалата сеуште немале доживеано широка употреба меѓу обичните луѓе.

И додека различните култури измислувале различни видови огледала и начини на изработка, во различни периоди од историјата, слободно можеме да речеме дека првиот иноватор е самата природа. „Првите огледала веројатно биле мирните базенчиња со вода, како и камените и глинените садови со вода“, се вели во списите на Енох.

Со право може да се смета дека не сите светски цивилизации биле така подготвени и среќни во однос на употребата на огледала. Кога еден антрополог им покажа огледала на припадниците на изолираното племе Биами од Папуа Нова Гвинеја, во 1970-те, тие ги поздравиле своите одрази со страв и терор, а не со фасцинација.

- Реклама -