Неверојатна апликација (за препишување по математика): Решава задачи со помош на камерата

Иновативноста нема крај кога се бара начин за препишување. Ако се сака, се може. Освен ако не се работи за математика…

Верувале или не, конечно добивме апликација што ќе го разреши вечниот кошмар на тестовите по математика. Со само еден клик, можете да го добиете решението на задачата. Се што треба е – да ја фотографирате со вашиот смартфон. Камерата ја скенира задачата, а веднаш потоа го добивате не само резултатот, туку и она најважното – постапката на решавање, чекор по чекор.

photomath_app

PhotoMath е дело на хрватската компанија PhotoPay и е прва од ваков тип во светот. Апликацијата беше претставена на завршницата на стартап натпреварот во склоп на конференцијата TechCrunch Disrupt, која се одржува во Лондон.

Се разбира, главната намена на PhotoMath не е препишувањето; компанијата смета дека пред се, апликацијата ќе биде употребувана како важна алатка за полесно учење на деталните постапки при решавањето на математичките задачи.

Ама ајде да бидеме искрени. Најдобро е професорите да се наоружаат со дебели нерви. Ќе им требаат.

- Реклама -