Заспаната убавица во вистинскиот живот – будна е само два часа во денот

СПОДЕЛЕТЕ

Тинејџерите се познати по тоа што долго време сакаат да спијат. Но, оваа девојка пати од ретко пореметување поради кое што не може да остане будна подолго од два часа во денот.

Бет Гудлијер (20) од Стокпорт во Англија пати од Клејн – Левинговиот синдром или „синдром на заспаната убавица“. Тоа е невролошка состојба поради која што таа паѓа во повеќенеделен сон.

Бидејќи може да биде будна само два часа во денот, Бет не може да работи или студира, а додека е будна е збунета како дете.

Бет од 16 години пати од ова пореметување и спие најмалку 18 часа во денот.

Повремено, на секои пет седмици, и се случува да заспие од недела до три. Во текот на тоа време потребна и е целодневна грижа.

Само околу 1000 луѓе во светот патат од ова пореметување, а 70 проценти од нив се мажи.

Бит се појавила во емисија на BBC, каде зборува за својата состојба.

- Реклама -