Инјекциите остануваат во минатото

СПОДЕЛЕТЕ

Германски научници развиваат алтернатива на класичните вакцини – тие ќе можат да бидат имплементирани преку крем за подмачкување врз кожата, објавија германските медиуми.

Развојот е дело на тим на Фармацевтскиот истражувачки институт на Сар.

Во кремите се користат биоразградливи наночестички. Благодарение на исклучително малите димензии тие се прилепуваат кон фоликулите на влакната и ја испорачуваат вакцината во телото.

Интегритетот на епидермисот не се нарушува. Па во иднина имунизациите ќе можат да бидат спроведени со премачкување на крем на кожата.

Слични препарати би биле многу евтини за производство и многу удобни за апликација – предностите особено ги привлекоа земјите во развој. И сега постојат вакцини кои се апсорбираат од слузницата на устата.

Но, предноста на користење на наночестичките за „превозно средство” ќе биде она што тие нема да предизвикуваат несакана реакција на имунолошкиот систем на организмот.

Кремите, развиени од страна на германските научници, засега биле тестирани само во лабораториски услови врз животни.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ