Љубов на прв клик

Вечерите на свеќи веќе одамна застареа. Во денешните модерни времиња, многу поудобно е да початуваме со некој, отколку да зборуваме со него очи во очи.

Особено  кога станува збор за запознавање. Така го избегнуваме конфузниот момент на запознавање на „противникот”, бидејќи веќе сме стапиле во интеракција разменувајќи информации, интереси и фотографии.

Токму за овој вид сајтови ќе зборуваме во овој текст.

Оние од вас кои бараат контакти на интернет, имаат повеќе сајтови со неженети и немажени кандидати, со чија што помош може да се пронајде идеалниот партнер.

Прашањето е,  како меѓу тоа море од можности, да го пронајдеме вистинскиот?

Поставете си ги следните неколку прашања и ќе си олесните доста во пронаоѓањето на вашата „љубов на прв клик”.

– Каков е бројот на регистрирани учесници кои датираат на сајтот?

– Каква е посетеноста?

– Колку е популарен и фаворизиран?

-Платена ли е услугата за користење?

– Дали сте за добивање некаква помош или консултација?

– Ги разгледувате ли детално карактеристиките  на секој кандидат?

– .Дали предлозите за партнер соодвестуваат на вашите барања и на вашата личност?

– Има ли контрола и заштита при несакани настојувања?

И неколку совети од нас: ако користите интернет не само за флерт, туку барате трајно поврзување, насочете се кон платените сајтови. Оние кои плаќаат за таква услуга, сигурно не дремат таму од здодевност.

Од друга страна не го порачуваме со сето срце овој извор на запознавање поради логичен скептицизам.

Нема ништо поубаво од разговор очи во очи и сознанието дека изборот го правите без непосакуван ризик.

Доколку сте родител бидете претпазливи што прават вашите деца пред комјутерите, со оглед на тоа што низ светот има многу случаи на злоупотребување, педофија или измама, по вакви интернет страни.

- Реклама -