„Пронајди го мојот Ајфон“ и го спаси животот на жена по автомобилска несреќа

 

Паметен полицаец  и апликацијата „Find My iPhone“, во превод  Пронајди го мојот „Ајфон“ и го спасија животот на жена која паднала во 500-метарска клисура по несреќа во Калифорнија.

Мелиса Васкез била исфрлена од својот автомобил по инцидент на патот и била исчезната во текот на цели 17 часа.

Драмата почнала минатиот понеделник во 14 часот, кога инсталираниот безбедносен систем OnStar, во автомобилот на Мелиса утврдил дека се случила несреќа, раскажува ABC11 . Две од гумите на возилото биле разлетани далеку, а иако OnStar го соопштил место на инцидентот, полицајците не откриле ништо таму. Малку подоцна системот ја обновил локацијата, но и по новите упатства надлежните не успеале да ја пронајдат Мелиса.

За среќа еден од полицајците се испоставило  дека е страствен љубител на технологијата. При претресот на домот на Мелиса тој открил iPad и се досетил дека можеби користи Find My iPhone, за да утврди каде се наоѓа жената. Се разбира, за да го направи тоа, требало да открие каква е нејзината лозинка – и успеал. Подоцна споделил дека се обидел со дигитални комбинации, кои често се користат за лозинка, и на третиот обид ја погодил точната опција.

Дваесет минути откако го користеле Find My iPhone, полицајците ја пронашле Мелиса – во тешка состојба, но жива. Таа веднаш била одведена во болница со хеликоптер. Во меѓувреме OnStar започнаа истрага зошто нивниот систем не успеал да пренесе точни информации.

- Реклама -