Еве зошто треба секое утро да пиете вода со лимон

Доколку секое утро издвојувате неколку минути за да се напиете топла вода со лимон, ќе добиете бројни позитивни ефекти на вашиот организам и целокупното здравје. Овој метод веќе со векови го практикуваат голем број луѓе ширум светот, а еве зошто би требало да го присвоите и како ваш секојдневен ритуал:

1. Го помага варењето

Не само што топлата вода го стилулира системот за варење, туку и лимонот го чисти и стимулира црниот дроб. Исто така, му помага на желудникот подобро да ја свари храната.

2. Го подигнува имунитетот

Цитрусните овошја, меѓу кои спаѓа и лимонот, познато е дека се богати со витамин Ц и аскорбинска киселина. Витаминот Ц помага во борбата со настинката, а аскробинската киселина ја подобрува апсорпцијата на железо, кој игра важна улога во зајакнување на имунолошкиот систем.

73610_profimedia0009460591_630x0

3. Го алкализира организмот

Ако вашето тело е во хронична pH нерамнотежа, ќе имате повеќе шанси за разболување. Иако лимонот е кисел, тој во телото се претвора во база и го алкализира, а со самото тоа брзо и лесно ќе ја избалансира pH вредноста во организмот, особено доколку вашата исхрана е богата со месо и млечни производи.

4. Го детоксицира организмот

Лимонадата е природен диуретик, што значи дека тоа му помага на телото да ги исфрли течностите и токсините. Цитрусната киселина, исто така, го зголемува бројот на протеини кои стимулираат црниот дроб.

73612_profimedia0166555306_630x0

5. Дава енергија
 
Многумина тврдат дека топлата вода со лимон, после неколку дена од редовното консумирање, подобро пробудува и од кафе. Комбинацијата на вода и лимон помага во хидратацијата и оксигенација на крвта, поради која ќе се чувствувате фантастично.

6. Ја одржува кожата убава

После хронична дехидрација, кожата може да изгледа уморно и да добие сивкаста боја. Витаминот Ц игра голема улога во одржувањето на здравата кожа, а антиоксидансите се борат против стареењето.

- Реклама -