Митови за витамините

СПОДЕЛЕТЕ

Свеж зеленчук и румени детски образи – тоа е она што го замислуваме кога го слушаме зборот „витамин”.

Во 1912 година американскиот научник од полско потекло Казимир Функ истакнува дека оризовите снегулки содржат витамин Б1, и  смислува име кое веќе сто години успешно продава капсули, таблети, сирупи .. .

Витамините се незаменливи – без нив сме болни. Но, низ годините сме им припишувале толку квалитети што понекогаш е тешко да ја оцениме вистинската работа која ја вршат. Да ја расчистиме маглата околу некои распространети заблуди.

111

 

Колку повеќе витамини пиеш, толку поздрав си

Витамините се корисни, а од корисното секогаш треба повеќе. Фундаментална грешка.

„Повеќето луѓе не сфаќаат дека нема вистинска корист ако земаат повеќе од препорачаните дози витамини и минерали и не се свесни дека тие може да им наштетат”, вели д-р Џоана Дуајар од Националниот здравствен институт на САД. Особено, витамините растворливи во масти, кои се акумулираат во организмот (А и D во црниот дроб, Е и К – во масните ткива).

Ако го изедете целиот црн дроб на поларна мечка, може да умрете од предозирање со витамин А, вишокот на витамин D во организмот доведува до невообичаено висока содржина на калциум во крвта што го оштетува срцето, бубрезите и други органи. Истражување од 1994 година покажува дека пушачите кои земаат подолго време бета-каротен (провитамин), се изложени на поголем ризик од рак на белите дробови. Витаминот Е го зголемува крвниот притисок, а во комбинација со некои лекови спречува коагулација. Витамините и минералите комуницираат едни со други. Ако земате премногу витамин Е, потешко се преработува витаминот К. Високите количини на витамин А ја зголемуваат потребата на организмот од витамини Ц и Б1. Истото важи за минералите. Ако земате повеќе железо, го лишувате организмот од цинк.

images

 

Ги прифаќаме сите потребни витамини од храната

Да – ако јадеме разновидно овошје и зеленчук преку целата година, веднаш штом ги земеме од градината, дишеме чист воздух, пиеме изворска вода и не сме под стрес. Според здравствените експерти само 3% од луѓето живеат и се хранат толку здраво. Содржината на витамини во овошјето и зеленчукот зависи од сезоната, од почвата, од тоа дали се свежо отсечени или поминале километри. Стакленичните овошје и зеленчук се посиромашни со витамини и минерали од сончевите. Еден плод губи околу 30% од содржината на витамин Ц кога ќе отстои 3 дена во фрижидер. На собна температура – 50%. Некои витамини се губат при термичка обработка, на пример витамин Ц, а други, како витамин Б2, се уништуваат под дејството на светлината. Загадениот воздух ја зголемува потребата од витамини, да не зборуваме за пушењето: една цигара уништува до 100 мг витамин Ц во организмот. За да ги обезбедиме потребните количества витамини од храната мора да јадеме доста. За да прифатиме доволно витамин Б1 – 1,5 mg на ден, – треба да изедеме 700-800 г. леб, а за да се набават потребните 200 мг (или 600 IU) витамин D, треба да испиеме десет чаши млеко. Во 100 г. сок од јаболко има околу 2 мг. витамин C. За да си ја обезбедите дневната потребна доза од 65 мг, треба да испиете 3 л. сок.

02_photolibrary_rf_photo_of_colorful_foods

 

Не е важно кога и како ги внесуваме

Некои ги пијат наутро на гладно. Други навечер пред спиење. Не се лекови, значи можеме да ги пиеме во секое време, убедени се трети. По ова прашање барем експертите се едногласни – витамините се пијат непосредно пред, по или за време на оброк.

„Речиси сите адитиви треба да се прифатат со храна за оптимална апсорбција, бидејќи состојките работат во комбинација едни со други”, вели  д-р Естер Блум. „Ако земате витамини растворливи во масти како A, D, E или К, тогаш е потребно во јадењето да има масти кои ќе помогнат при апсорбирањето.” Ако се пијат на гладно, некои витамини може да го иритираат желудникот, предупредува таа.

1716

 

Острите зеленчуци содржат најмногу витамини

Некои витамини се губат при готвењето. Но, не сите. Експеримент, направен во 2009 година од Институтот за прехранбени истражувања во САД, покажува дека човечкиот организам апсорбира околу 5% од бета каротинот од еден суров морков. Кога е варен, овој процент отскокнува на 60, а кога е претходно бланширан и потоа варен – до 90%.

A

Морковите го подобруваат видот

Витаминот А е корисен за очите. Бета-каротинот, кој им дава портокалова боја на морковите, се трансформира во витамин А во телото. Затоа, колку повеќе моркови јадеме, толку подобро ќе гледаме. Ништо слично. Витаминот А е важен за очите, недостигот може да доведе до слепило – но тој воопшто не помага при кратковидост или далекувидост. Колку и моркови и да јадете, видот нема да се подобри, а реален недостиг на витамин А, кој може да предизвика пречки во развојот, во развиениот свет речиси не се среќава. За сметка на тоа во развиените земји секоја година речиси половина милион деца го губат видот поради недостаток на витамин А во храната. Но и таму морковите не се опција – светските организации бараат потраен и лесен за одгледување зеленчук, на пример слатките компири, кои се богати со бета-каротин, не помалку од морковите.

 

Имате потреба од фолна киселина само ако сте бремена

Таа е неопходна во најраната фаза од развојот на плодот, затоа уште при зачнувањето на идното дете во организмот треба да има доволно витамин В9, подобро познат како фолна киселина. Треба да пиете по 400 микрограми фолна киселина барем еден месец пред да забремените, советува д-р Тиераона Лоу Дог, професор по медицина на Универзитетот во Аризона. И со оглед на тоа што 50% од бременоста се непланирани случаи, Центарот за контрола на болести и превенција препорачува секоја сексуално активна жена во репродуктивна возраст за зема по 400 микрограми фолна киселина на ден, дури и да не планира да има дете.

folna-kiselina

 

Витаминот Ц штити од настинка

Во 70-тите години на дваесеттиот век нобеловецот Линес Полинг го популаризира тврдењето дека витаминот Ц штити од лесната вирусна инфекција која не малтретира во текот на студените месеци. Сега тоа го сметаме за аксиома. Но во 2007 година била одржана анализа, која опфаќа децении истражувања и докажува дека витаминот Ц нема суштинска улога во спречувањето на настинката. Единствено што прави витаминската терапија, е да го скрати времето на настинка- со еден ден во годината кај возрасните и четири – кај децата. Овој ефект не може да нè натера да го пиеме во текот на целата година, ако не беа другите негови вредности. Истражување на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес, спроведено во 1992 година, открива дека 800 мг витамин Ц на ден може да го продолжи животот со 6 години.

4

 

- Реклама -