Секојдневни навики на среќните луѓе

„Со мојот научен тим штотуку завршивме студија која ги разгледува разликите во начинот на живот на најсреќните луѓе во споредба со оние кои се чувствуваат незадоволни“, пишува д-р Рајан Хауел во “Psychology Today”.

„Не интересираа неколку карактеристики на среќните луѓе, меѓу кои односот меѓу парите и среќата“.

Испитани се предвесниците на среќата во 30 различни студии. Овие студии ги мерат навиките на трошење, потрошувачките избори, вредностите и личните особини. Резултатите покажуваат дека среќните луѓе прават пет мали одлуки секој ден, кои ја подобруваат нивната благосостојба.

Еве какви се петте значајни разлики помеѓу среќните и несреќните луѓе според последните истражувања  на однесувањето на потрошувачите:

1. Среќните луѓе гледаат на минатото со љубов

Веројатно единствени меѓу сите животни, луѓето се во состојба да патуваат напред и назад во времето и да користат т. н „сегашност на перцепцијата”, како враќање кон минатите настани, така и за мисли за иднината. Нашите податоци покажуваат дека среќните луѓе изгледа ја доживуваат одново екстазата, но ја игнорираат агонијата на деновите што поминале. Кога најсреќните луѓе мислат на минатото, тие се фокусираат на убавите спомени, наместо да ги предизвикуваат и повторно доживуваат негативните.

happy-couple,-laughter-160566

 2. Среќните луѓе ги „доловуваат”  емоциите на другите

Happy-people

Некои чувствителни луѓе имаат тенденција да соживуваат со туѓите емоции. Тие можат да ги „преобразат” како во радосни, така и во тажни моменти. Кога некој ќе се насмее топло на среќните луѓе, тие се насмевнуваат и чувствуваат внатрешна топлина. Ова е една од карактеристиките која јасно се откроива во нашата студија. Ако обрнувате  повеќе внимание на позитивните емоции на другите луѓе, ќе бидете посреќни.

3. Среќните луѓе живеат во заедница

image

Човекот е среќен кога три основни психолошки потреби се задоволени: автономија, компетентност и поврзување. Буквално илјадници истражувања го покажуваат позитивниот ефект од задоволството на овие ментални потреби врз среќата. Нашите податоци покажуваат дека овие психолошки потреби можат да бидат исполнети од заедницата на која припаѓаме. Среќните луѓе велат дека тие имаат чувство на припадност кон заедницата во која живеат и дека чекаат со нетрпение да се вратат дома, кога одат далеку.

4. Среќните луѓе управуваат со нивните пари добро

happy-man

Нешто што секој од нас може да направи секој ден е да си состави буџет и да ги следи своите исплати, без да прави импулсивни купувања. Истражувањата покажуваат дека луѓето управуваат со нивните пари подобро кога имаат јасна цел – на пример исплата на кредитна картичка, заштеда за пензија или друг проект. Истражувањата покажуваат дека ако управувате со парите подобро денес, ќе бидете посреќни утре.

5. Среќните луѓе ги трошат своите пари на искуства, а не за материјална корист

a20759d7836367c3_happy.xxxlarge

Речиси 10 годишни студии го истражувале ефектот од инвестирање на пари во животно искуство, споредувајќи го со купување на материјални добра. Сега има цврсти докази дека кога луѓето ги трошат своите пари за искуства, тие се посреќни отколку кога ги даваат за материјална корист. Нашето истражување покажува уште нешто: луѓето кои во принцип се подготвени да потрошат пари за искуства се посреќни од луѓето кои имаат склоност да купуваат предмети.

- Реклама -