Исто како лани – Скопје повторно се гуши во смог

СПОДЕЛЕТЕ

Минатата зима постојано се зборуваше за нивото на загадување во Скопје, па оваа грејна сезона не започнува поразлично.

Мерките засега се само најавени, а нивото на загадување повторно е многу над дозволеното.

Последните мерења на загаденоста кои ги врши Министерството за животна средина покажуваат дека загрижувачка е состојбата во скопските населби Центар, Карпош и Гази Баба, а голема загаденост има и во Тетово, Битола и Кичево. Најкритично е во скопско Лисиче каде во изминативе два дена биле измерени над 400 микрограми ситни честици во метар кубен воздух, што е десет пати над дозволеното.

Децата и старите лица да не излегуваат од дома во период кога има магла. Работниците кои работат во надворешни улови да носат заштитни маски, а хронично болните навреме да ја земаат својата терапија,  препорачуваат надлежните. Со доаѓањето на зимата, велат ќе се зголеми и бројот на пациенти со респираторни и кардиоваскуларни проблеми. Мерките за заштита треба да се преземаат во текот на целата година.

Градските власти најавија дека оваа година ќе го применат лондонскиот модел за намалување на загадувањето во Скопје – ќе се набави апликација на калциум-магнезиум ацетат, средство кое се распрскува на асфалтни површини и ги лепи ПМ10-честичките, а со тоа оневозможува тие да циркулираат низ воздухот.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ