„Светот минус тебе во него, она што останува, малку е“

СПОДЕЛЕТЕ

На денешен ден Тоше Проески, на 26 години, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, кај Нова Градишка, во Хрватска. 

Прашањата „До каде ќе успееше да стигне со својата кариера, доколку не постоеше овој ден пред седум години“, „Зошто баш тој“, „Дали веќе ќе имаше стекнато светска слава“, секоја година не прогонуваат на овој ден, и единственото кое има да се одговори е дека тој остана легенда и остави бројни песни, изведби и дух зад себе, нешто што некому не му успева ниту со два животи.

Вечно ќе те паметиме и споменуваме на сите идни генерации. Почивај во мир.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ