Решена мистеријата на Бермудскиот Триаголник?

СПОДЕЛЕТЕ

Откритието на неколку мистериозни дупки на Сибир лансираше низа шпекулации за нивното потекло. Најновиот извештај нуди објаснување за дупките, но и за Бермудскиот Триаголник.

Во јули, сибирските ловџии открија огромен кратер на полуостровот Јамал, чие име би се превело како „Крајот на светот“. Подоцна, беа најдени уште два кратера, едниот во областа Таз, а другиот на островот Тајмур. И покрај неколкуте предложени решенија, потеклото на овие кратери остана мистерија.

Тогаш, руските научници објавија извештај за журналот Nature, во кој наведоа дека формирањето на дупките е најверојатно последица на екплозивното ослободување на гасовите заробени во пермафростот, познати како метан хидрати. Аргументот е дека воздухот близу дното на кратерите содржел високи концентрации на метан.

sinkhole
 
МИСТЕРИОЗНИ ИСЧЕЗНУВАЊА

Сега, научниците одат уште подалеку. Тие сметаат дека метан хидратите би можеле да бидат одговорни за исчезнувањата на бродови и летала под наводно мистериозни околности во Бермудскиот Триаголник. Многумина го оспоруваат неговото постоење, ама најголем дел од луѓето сметаат дека „триаголникот“ е регион во Северниот Атлантик, помеѓу Бермуда, Флорида и Порторико, иако објективни факти што би ја потврдиле нивната теза сеуште не постојат.

Сеедно, идејата дека ослободувањето на метански гасови би можело да потопи бродови, држи вода.

„Многу е веројатно дека слични дупки настанале и во океанот, како резултат на разложувањето на гасовитите хидрати“, вели Владимир Романовски, геофизичар кој го проучува пермафростот, на универзитетот Alaska Fairbanks.

Обично, метанот е во цврста состојба кога е под силниот притисок на длабокото море, но парчиња налик на мраз би можеле да се отцепат и да формираат гасовити меури што би излегле на површината.

„Познато е дека гас-хидратите постојат во областа на континенталната граница на американскиот Северен Атлантикот и се протегаат на широка област, се до Blake Ridge (точка на северот од Бермудскиот Триаголник“, вели Бенџамин Прампус од универзитетот во Далас.

Bermuda-Triangle-HD-Wallpaper[1]
 
МЕУРИТЕ ШТО ПОТОПУВААТ БРОДОВИ

Всушност, студија објавена во американскиот Journal of Physics, докажа дека такви меури би можеле да потопат брод, барем на хартија. Истражувачите спровеле експеримент со макета на брод, испуштајќи меури под него. Ако макетата се нашла на правата позиција над меурот, бродот губел рамнотежа и потонувал.

Иако феноменот е очигледен на експериментите со макети, Прампус вели дека нема доказ дека такво нешто навистина се случило некогаш. Исто така, такви големи количини на ослободен метан не се забележани во поновата историја, кога неколку бродови и авиони наводно исчезнале во бермудската област. „Последното ослободување на метан на морското дно во тој регион се случила по топењето на последното ледено доба, пред околу 20.000 години“, вели Прампус.
 
 
СКЕПТИЦИ

Американската морнарица не верува дека Бермудскиот Триаголник постои, а официјално, таквиот назив го нема на американската листа на географски имиња. Една осигурителна компанија од Лондон дојде до заклучок дека бројот на бродови што потонале во тој регион не е поголем од бројот на бродови што потонале во останатите делови на океанот.

- Реклама -