Слатко бебе мајмун од скопската зоолошка градина е третирано како дете

„Моето име е Горан Анастасовски и сум хонорарен фотограф од Македонија. Ја сакам природата и дивите животни, иако го надоместувам недостатокот на диви животни во мојата околина со земање на слики од животните во блиската зоолошка. Еден ден наидов на прекрасна приказна од еден жител на зоолошката градина во Скопје- бебето бабун Лука.“- вака започнува статијата која Горан ја направил за познатиот сајт „BoredPanda“.
Во истата, тој направил серија фотографии од малото бабун мајмунче, наречено Лука, кои вработените го чуваат како мало дете, облекувајќи го во џемперчиња додека игра со дадените играчки.

Малото бебе мајмунче било напуштено од неговата мајка, па така зоолошката го земала под своја закрила и му дала соодветна нега. На Лука му бил даден мал кревет, неколку пара од бебешка облека и еден куп играчки. Сега Лука изгледа како едно среќно дете хрането од шише млеко, носејќи пижами или едноставно џвакајќи пенкало.

Другите дела на Горан Анастасовски можете да ги видите на овој ЛИНК.

- Реклама -