Македонија во чекор со светот: паметните табли достапни и кај нас!

СПОДЕЛЕТЕ

Напредокот на технологијата и интерактивните комуникации забрзано го движат развојот на економиите, образованието и комуникациите во светот. Македонија, иако мала земја, отсекогаш се движи паралелно со светскиот технолошки развој, благодарение на интересите и отвореноста на пазарот за напредни технологии.

Од неодамна и на македонскиот пазар за прв пат се понудени светски познатите паметни табли Smart Boards.  Паметните табли (Smart Boards) се канадски производ кои го освоија светот поради мултифункционалноста што ја нудат.

10462560_10152717249260979_573325976933587960_n

Според карактеристиките и функционалноста, Smart Boards истовремено претставуваат: проектор и платно, екран, компјутер и табла. Со овие карактеристики, паметните табли Smart Boards наоѓаат широка примена во образованието, бизнис заедницата , па дури и во домаќинствата, заменувајќи ја целосно улогата на домашно кино.

1492240_10152717249280979_6316170620025523630_o

Увозник и застапник за Македонија е компанијата Унет, која има долгогодишно искуство во интерактивни веб комуникации. Анета Антова Пешева, генерална директорка на Унет, објаснува дека Smart Board продуктот е иновација која веќе ги придвижува образованието, организациите и компаниите од целиот свет напред – правец во кој треба да се движи и Македонија. -,,Олеснувањето на образованиот процес и корпоративните комуникации се клучни за развој и напредок, а овој продукт токму тоа го овозможува. Во сите видови на едукација и во секоја компанија, дијалогот и интеракцијата се основа за ефикасност и токму затоа сме убедени дека Smart Board е извонреден производ и за македонскиот пазар“ – истакна Пешева .

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ