Ако ве касне овој крлеж, ќе станете вегетаријанец

Овој крлеж може да го направи она што ниту експертите не можат – да ве натера да ги симнете вишокот килограми. Како? Па, така што ќе ве направи вегетаријанец, доживотно.

Научно е познат како „Amblyomma americanum“, а го викаат „Lone Star“ („осамена ѕвезда“), заради препознатливиот белег на грбот. Овие крлежи пренесуваат широк дијапазон на болести, но најфасцинантна е нивната способност да ги направат луѓето алергични на месо. Тоа се должи на тоа што тие носат супстанца наречена алфа-гал – вид на јаглехидрат што се наоѓа кај неприматските цицачи. Алфа-галот не е присутен во човечкото тело, но нашите црева, при нормални услови, можат да го дигестираат без никакви проблеми. Па, кога јадеме месо што содржи алфа-гал, успешно се справуваме со него.

Но, кога оваа супстанца ќе навлезе во нашиот крвоток, преку гризнување од Lone Star крлежот, е сосема друга приказна. Човечкиот одбранбен систем ја препознава како страна материја и продуцира антитела за да се избори со неа. Овие антитела остануваат во системот, па следниот пат кога ќе внесеме алфа-гал (месо), може да резултира со силни алергетски реакции.

Интензитетот на рекацијата варира кај различни луѓе. Кај сериозните случаи, алергичниот човек се чувствува како буквално да гори, и има сериозни тешкотии со дишењето. Кај други случаи, реакцијата се засилува секој пат кога ќе се внесе нова количина месо, а симптомите можат да се јават и до 8 часа по јадењето. Тоа значи дека докторите имаат многу маки при одредувањето на причинителот на алергената реакција.

Алергијата може да се манифестира со потекување, како и со разни симптоми на анафилаксија (повраќање, дијареја, тешкотии во дишењето, пад на крвниот притисок). Личноста може да падне во анафилактички шок дури и 6-8 часа по јадењето на црвено месо.

За ваквата состојба нема лек, а докторите не се сигурни дали алергијата поминува со тек на времето. Така, инфицираниот мора да избегнува црвено месо доживотно, со цел да ги избегне ризиците од интензивна реакција, која во најлошите случаи, може да резултира и со инстантна смрт.

Добрата вест е што рибиното и пилешкото месо се безбедни за јадење, бидејќи не содржат алфа-гал. Како што рековме, него го има само во месото на цицачите кои не се од групата на приматите. Сепак, дури и ваквото месо, па и млечните продукти и зеленчукот, можат да предизвикаат неволји, ако ги готвите во ист сад со црвено месо.

Научниците се комплетно збунети од целата работа, бидејќи не само затоа што самата идеја на добивање на алергија од каснување на инсект е чудна, туку и затоа што алфа-галот е шеќер, а не протеин. Обично, алергиите се обично имуни реакции на протеини, како што се кикириките. Од друга страна, алергијата на алфа-гал е единствениот познат случај на алергија предизвикана од шеќер, во светот.

- Реклама -