Еве зошто вашите миленици ја искривуваат главата кога им зборувате

Сигурно сте забележале дека кога нешто му зборувате на вашето куче, тоа ја наведнува главата кон десната или кон левата страна. Дали знаете зошто го прави тоа?

Ви прикажуваме неколку објаснувања за ваквото однесување:

1. Се труди подобро да ве слушне

Ова е најпознатата теорија која тврди дека на овој начин миленикот се обидува да го утврди точното место и одалеченоста на звукот. Дури и мала промена на позицијата на главата, може да им овозможи повеќе информации.

2. Се обидува да ве разбере

Кога кучето го слуша вашиот глас, се обидува да ги идентификува познатите зборови. Мускулите на средното уво кај кучињата се поврзани со дел од мозокот, кој е одговорен за изразот на лицето и движењата на главата.

3. Така сте го научиле

Наведнувањето на главата сопствениците често знаат да го проследат со позитивни вокални реакции, а не ретко и се некаква награда. Ваквата постапка ги поттикнува милениците да ја повторат оваа активност.

4. За да го видат подобро вашето лице

Настојувајќи да ве разберат, кучињата не се служат само со вашите зборови, туку и со изразот на лицето, говорот на телото и вашите очи. Тие ја наведнуваат главата за подобро да ве видат.

- Реклама -