Шокантно видео: Девојка претепа постара жена на сред бел ден

Полицијата покрена истрага поради напад на 44-годишна жена во Бирмингем, Англија, која била удирана, давена и фрлена на земја од страна на друга помлада девојка.

Според сведоците, жртвата најпрво ја замолила девојката, возач на сив Volkswagen, да го помести автомобилот за да има на паркингот место и за неа. Автомобилот не се поместил, а жената успеала да пронајде друго паркинг место и тргнала да пазари.

На видеото се гледа како 20 годишната девојка, сопственичка на Volkswagen автомобилот, ненадејно ја напаѓа жртвата, со кубење, давење и влечење по земја пред самата продавница, на сред бел ден.

Шокантна е и реакцијата на сведоците, кои само гледаат од страна без никаков обид да и помогнат на жртвата или да ја смират ситуацијата.

Не е познато од што бил испровоциран нападот.

- Реклама -