Како да станете совршена љубовница?

СПОДЕЛЕТЕ

Секоја жена сака да го возбуди партнерот и тој да се чувствува добро кога е во кревет со неа. За тоа и не ви потребно многу искуство, но морате да знаете некои работи кои ќе влијаат на тоа да бидете добри во креветот. Кои се тие работи, прочитајте малку подолу:

Треба да бидете расположени да испробате некои нови работи во креветот и на својот партнер да му ги исполните неговите сексуални фантазии, секако ако не се работи за некои груби работи во кои вие нема да уживате.

Кога е сексот во прашање и вие треба да уживате, но ако вашиот партнер сака некои работи, би било добро неговите желби барем по некогаш и да ги исполните. Тој ќе се чувствува како посакуван и ќе биде задоволен.

Време е сами да го запознаете сопственото тело. Понекогаш дозволете си да се соблечете гола и да го истражувате сопственото тело, за да дознаете што ви одговара, а што не. Тоа ќе ви помогне да станете подобри во кревет.

Кога сте во кревет заедно со партнерот, покажете му дека навистина уживате. Понекогаш пуштете глас, воздивнете и на тој начин покажете му дека уживате во сексот со него. Тој ќе биде возбуден, а страста повторно ќе се разгори.

Не морате секогаш да бидете исти во кревет. Бидете спонтани и покажете му на партнерот дека и вие можете да го изненадите. Смислите игри со кои ќе му го поматите умот, тоа вас ќе ве направи подобра љубовница.

Изненадете го со секси долна облека, купена само за него и почнете да го бакнувате изненадно по целото тело. Започнете ја предиграта кога тој најмалку очекува. Мажите сакаат кога жените преземаат иницијатива, а доколку одберете во која ќе добие визуелен впечаток, бидете сигурни дека никогаш нема да посака да ве замени.

- Реклама -