Еве како ве набљудуваат хакерите во текот на ноќта – додека спиете!

Кога се купуваат безбедносни камери кои се поставуваат во домовите, малкумина се свесни за големата опасност дека токму од овој начин можат да ја загрозат сопствената безбедност.

Истражувањата на новинарите „Mail on Sunday“ доведоа до неколку запрепастувачки податоци. Одредени веб-страници емитувааат снимки од камерите во десетици илјади домови, институции, па дури и училишта.

Кој е виновен? Хакерите кои ги откриле лозинките на овие камери, а кои сопствениците не ги менуваат редовно, или некои дури и воопшто? Неинформираноста на родителите, или пак на оние кои требало, а не ги предупредиле?

Хакирани се камерите во повеќе од 100 држави.

Во текот на само два часа, новинарите од британскиот магазин успеале да пронајдат видео снимки на интернет (достапни за сите), на кои се гледале: бебиња кои спијат, деца кои си играат, внатрешност на црковен простор, постара госпоѓа која се одмора, семејство кое јаде во кујна…

Доколку имате инсталирано безбедносна камера која може да биде хакирана, можеби и токму вас ве гледа некој во моментов на интернет.

„Најранливи“ уреди се мониторите за деца, куќните безбедносни камери, како и сигурносните камери кои обично се инсталираат на одредени работни места. Хакирањето може да биде спречено доколку после самото купување и инсталирање, корисниците ја променат лозинката која доаѓа со самата камера.

„Ова е апсолутно шокантно. Компанијата која ги продава камерите би морала веднаш ова да им го соопшти на корисниците, и да ги предупреди дека мораат да ја променат лозинката при самото инсталирање. Ова воедно и нека биде повик за будење на сите кои имаат камери во својот дом“, рекол британскиот парламентарец Џулиан Хаперт.

- Реклама -