Се роди првото бебе од смрзната јајце – клетка во Македонија

СПОДЕЛЕТЕ

Новороденче тешко 3 килограми и 670 грама, долго 51 сантиметар стана првото бебе родено со смрзната јајце – клетка во земјава.

Приватната општа болница Ре-медика ги посвети последните три години  на имплементирање на постапката за смрзнување и чување на јајце-клетки за ин витро фертилизација.

Имено, смрзнатата јајце клетка била чувана во софистицирана лабораторија, прва сертифицирана и акредитирана од ИВФ на Балканот,  во специјални контејнери на температура од -196 степени целзиусови постигната со течен азот.

Тимот на Ре-медика го одбележа овој настан, частејќи мекици.

- Реклама -