Поради ова сега сите го знаат колумбискиот женски велосипедистички тим

Женскиот колумбиски тим во велосипедизам направи вистинска возбуда кога се појавиле во нивните нови трикоа минатиот викенд.

И тоа не е поради нивниот резултат, туку поради трикоата. Црвеното трико кое во делот на торзото е во беж, односно во боја на кожа, делува во најмала рака бизарно. Девојките изгледаат како да се голи во тој дел.

 

Колумбискиот тим, кој е финансиран од главниот град Богота, учествувал во натпревар во Италија, а трката се одржала во чест на некогашната шампионка Михаела Фанини. Нејзината ветувачка кариера беше трагично прекината кога беше убиена во сообраќајна несреќа кога имала само 21 година.

Овој дизајн на трикоата можат да се наречат како најлош модел некогаш, а некои сметаат дека изгледале одвратно.

Screenshot_2

 

Дали овој дизајн е случајност или е намерен дизајн не знаеме. Се надеваме дека никогаш повеќе нема да им падне на памет да ги облечат вака девојките кои ја претставуваат нивната земја. Понижувачки е.

Инаку, девојките на натпреварувањето го освоиле 19-тото место.

- Реклама -