Професии зависни од кофеин

Новинарите, наставниците, полицајците, водоинсталатерите и трговците пијат најмногу кафе, покажува најновото истражување.

Секој ден тие консумираат 4 и повеќе шолји кафе. Листата на професиите зависни од кофеин, продолжува со медицинските работници, шефовите на компании и вработените во телешопингот кои пијат во просек по 3-4 чаши кафе. Следат IT специјалистите и вработените во продавниците кои што консумираат 2-3 чаши на ден. На последно место се возачите кои пијат по 1-2 чаши кафе во денот.

Во истражувањето се анкетирани околу 10 000 луѓе. 85% од нив изјавиле дека пијат најмалку по 3 шолји кафе на ден. 70% признаваат дека ќе бидат помалку функционални, ако не го започнат денот со миризливиот пијалок.

71% одговориле дека пијат кафе поради кофеинот, а не поради вкусот или мирисот. Специјалистите велат дека потрошувачката на повеќе од 4 шолји кафе дневно може да го зголеми крвниот притисок или да доведе до дехидрација, ако тоа е единствениот извор на течности за организмот.

- Реклама -