Еве како ќе изгледа новата плажа во Охрид

СПОДЕЛЕТЕ

Заврши електронското гласање на кое што граѓаните  го избираа најдоброто идејно решение за уредување на плажата на Охридското eзеро, во близина на охридскиот аеродром.

Прочитај повеќе: Гласајте за изгледот на најновата плажа во Охрид

Министерството за транспорт и врски денеска информираше дека од предложените  пет идејни решенија, најмногу гласови има добиено третиот проект, односно 56 проценти од вкупно 3.072 гласа, по што следуваат првото идејно решение за кое гласале 21 процент од вкупниот број на гласови, второто решение со 14 проценти, четвртото со 7 проценти и петтото со три проценти од гласовите.

На плажата предвидено е да има песочна површина, да се заштити постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, како и да се уреди со клупи, фонтани за питка вода и пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали.

Треба да има и шанк со кабина за музика, санитарен јазол, тушеви, соблекувални, остава за чадори, лежалки и други реквизити, а треба да биде обележан и просторот за капење во езерото. На плажата треба да се предвидат и места за информативни паноа, безжичен интернет и други погодности за забава.

Еве го и победничкото решение

ideja-plaza3

ideja-plaza33

plazica-ohrid

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ