Македонија домаќин на средба за интернет во руралните области

СПОДЕЛЕТЕ

Широкопојасниот јаз, како еден од поголемите предизвици за развој и дигитализација во Европа, регионот и Македонија, е на пат да биде решен.

Под капата на PPP4Broadband – проект финансиран преку 4-тиот повик од Транснационалната програма за Југоисточна Европа (ЈИЕ), 12 партнери (претставници на ЕУ-15, како и земји апликанти за влез во ЕУ вклучувајќи ја и Македонија) развија девет модели на Јавно-приватно партнерство наменети за справување со “широкопојасниот јаз” во руралните области на Југоисточна Европа (ЈИЕ).
Центарот за управување со знаење, think-tank организација од Скопје, која работи на подобрување на процесите со управување со знаење во земјата и регионот, е македонскиот претставник во проектот. Преку синергија на експертиза и искуство кое во проектот го носат сите партнери, целта на проектот е да се развијат и понудат транснационални алатки, методологии и водилки наменети за јавни институции како потенцијални учесници во јавно приватно партнерство за широкопојасен интернет.

Како дел од проектот, на 16-ти и 17-ти Септември, 2014 година, Центарот за управување со знаење ќе организира студискa посета во Македонија на која ќе учествуваат претставници од 12 партнери од 9 земји инволвирани во проектот, градоначалникот на Македонска Каменица – општината пилот од Македонија, претставници од македонското министерство за информатичко општество, како и претставник од глобалната телекомуникациска компанија, Алкател-Луцент. На настанот ќе биде презентирано решение за јавно-приватно партнерство во широкопојасен интернет за општината Македонска Каменица. Македонска Каменица е една од четирите пилот општини кои учествуваат во проектот, заедно со Алба Јулија од Романија, Патрас од Грција и Ајдовшчина, Словениjа, а преку кои се верификува валидноста на деветте ЈПП модели, и се отвара пат за нивно натамошно користење во намалување на “широкопојасниот јаз” во руралните области на Југоисточна Европа (ЈИЕ).

Целни групи на проектот се руралните области, регионалните / локалните јавни администрации, приватните даватели на услуги на широкопојасен интернет и пошироката јавност. Во Македонија, проектот го спроведува Невладината Организација – Центар за Управување со Знаење (www.knowledge-center.org).

- Реклама -