Ван Гал: Велбек немаше квалитет да игра за Манчестер Јунајтед

СПОДЕЛЕТЕ

Холандскиот стратег вели дека Дани Велбек не ги исполнува стандардите за напаѓач на Манчестер Јунајтед и затоа му било дозволено да замине во Арсенал.

Ван Гал вели дека Велбек не е на нивото на Вејн Руни и Робин ван Перси, а квалитетите на овие двајца напаѓачи е и стандардот кој треба да го имаат оние кои сакаат да играат во Јунајтед.

Покрај Велбек, клубот го напушти и Чичарито кој потпиша за Реал Мадрид.

„Зборувавме со Дани Велбек и со Чичарито пред да имаме шанса да го купиме Фалкао” – изјави Ван Гал.

„На сите фудбалери им дадов шанса да ме уверат во нивните квалитети”.

„Дани Велбек беше тука од неговата девета година, но тој го нема рекордот на Ван Перси или Руни, а тоа е стандардот. Затоа го пуштивме да замине, а на негово место дојде Фалкао, но исто така ќе имаат шанса и некои помлади фудбалери да се обидат да влезат во тимот”.

Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk.

- Реклама -