Најдобро платениот спортист во светот е пред откажување

Најдобро платениот спортист во светот Флојд Мејведер –  Јуниор планира да се повлече од професионалниот спорт, пишува ESPN.

Неговиот договор со Showtime / CBS,  истекува во септември 2015 година, според кој што ќе добие 200 милиони долари.

Следниот натпревар на Мејведер ќе се случи  на 13 септември (сабота). Тогаш тој ќе се сретне со Маркос Мејдани, кого го победи во почетокот на мај месец.

„ Ми остануваат уште ми две борби (по саботава) и по нив планирам да развијам промотерска компанија”, изјави боксерот.

Мејведер е непобедлив на професионалниот ринг, со тоа што има 46 победи од 46 средби, 26 од нив се со нокаут.

Флојд Мејведер Јуниор заработил 105 милиони долари за последните 12 месеци, покажаа податоците на Форбс, без реклами и само со две боксерски средби.

- Реклама -