Што мислите, во кои општини се раѓаат најмногу деца?

СПОДЕЛЕТЕ

Според статистиката за наталитет во второто тромесечје од годинава, најмногу деца се родиле во Чаир  133, во Сарај 123 и во Тетово 121. Во Битола, Делчево и Ресен за истиот период е регистриран негативен прираст – 53, – 31 и – 27.
Во Битола во второто тромесечје се родиле 235 бебиња, а умреле 288 лица. Во Делчево регистрирани се 27 новороденчиња, а 58 лица умреле. И во Ресен на 37 родени бебиња, регистрирани биле 64 смртни случаи.

Според податоците од Државниот Завод за статистика во Чаир во врторото тромесечје биле родени 259 бебиња, а умреле 129 лица, во Сарај 177-54 и во Тетово 317-196.

Вкупно годинава, во споредба со истиот период од лани бројот на новороденчињата е зголемен за 4 отсто и изнесува 5.809. Или природниот прираст во вториот квартал од годинава е 1.039 лица, за толку бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на браковите склучени во ова тримесечје бележи намалување за 0,1 отсто во споредба со истиот период во 2013-та и изнесува 3.313. Опаѓа и бројот на разведените за два отсто во споредба со истиот период од 2013 година и нивниот број е 538.

- Реклама -