Совршен изглед со помош на бои

Дали ви се случува во некое парче облека да не се чувствувате убаво, иако е кројот добар, а материјалот пријатен? Некои парчиња влијаат лицето да ви изгледа уморно, додека некои прават да блескате во нив. Зошто е тоа така?Верувале или не, боите влијаат на нашата визуелна појава. Не се работи за тоа дека некои бои не ви стојат и не треба да ги носите. Сите се носливи, но важно е да се пронајде вистинската нијанса.

Имено, секое годишно време има своја палета на бои. Како да одредите што да носите на пролет, лето, есен или зима? Прво морате да утврдите дали се студен или топол тип. Тоа ќе го направите на некои од следниве начини:

1. Злато/сребро тест – облечете нешто во златна/сребрена боја или нешто со светки. Што ви стои подобро? Во што делувате како да ви сјаат очите, дека забите ви се повеќе бели? Ако е тоа златото вие сте ТОПОЛ тип. Доколку тоа е среброто, вие сте СТУДЕНИ.

2. Тест на вените – Погледнете во своите вени, доколку се кон сино вие сте студен тип, доколку се зеленкасти – спротивно.

3. Тест на очите – Не е важно која боја ви се очите, ако имаат зеленкасти тонови, тогаш сте топли, доколку имаат сиви тонови, или ако имате црни очи, тогаш сте студен тип.

Доколку не сте сигурни, можете да бидете неутрални, односно добро да ви прилегаат и топлите и ладните тонови.

Штом одредивте кој тип сте, преминуваме на одредување на годишните времиња.

Студен тип + темна коса ( темно браон, црна, темно црвена) = ЗИМА.

зимска

Студен тип + светла коса (сина, светло браон, светло црвена) = ЛЕТО. 

летна

Топол тип + темна коса = ЕСЕН

есенска

Топол тип + светла коса = ПРОЛЕТ.

пролетна

- Реклама -