Визуелен моден трик што гарантира совршен задник

СПОДЕЛЕТЕ

Понекогаш ни диетата не помага, но изборот на вистински фармерки прави чуда за вашето тело.

Совршениот задник најдобро доаѓа до израз во тесни фармерки. Облините, нагласените колкови и подигнатиот задник се основниот ефект што сакаме да го постигнеме облекувајќи фармерки.

Меѓутоа, изборот на вистинскиот крој е вистински ноќен кошмар. Повеќе нема да биде така! Ви откриваме совршен трик за совршена фигура. Станува збор за џебовите.

Имено, паметно наместен џеб на задникот има моќ  на визуелно намалување или зголемување зависно од кројот, обликот и материјалот.

Ако имате мал задник одберете џинс со скриени џебпови кои што се позиционирани високо на задникот. Овие џебови визуелно ќе го зголемат вашиот задник и ќе ви дадат облини, онаму каде што недостасува месо.

Сличен впечаток ќе имаат и ниско наместените џебови со нагласени поклопци – тие ќе ви дадат волумен на задниот дел од текото. Посебно ако се поклопците украсени со убави додатоци.

Проблемот со спуштен задник ќе го решите во фармерки со мали, плитки и близу поставени џебови кои ќе создадат ефект на подигнатост.

Меѓутоа, ако сте задоволни со своите облини, но не сакате фармерките да ве прават пошироки од она што сте, одберете низок струк со долги џебови кои ќе понудат идеална визуелна позадина.

Детални совети можете да видите во видеото во продолжение:

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ