Откриена тајната на подвижните камења во Долината на смртта

 Со години научниците се збунети од мистериозните движечки камења во националниот парк „Долината на смртта” во Калифорнија.

Тешките камења се преместуваат по дното на пресушеното езерото, оставајќи траги по испукана матна површина. Досега мистериозното движење беше објаснувано со интервенција на вонземјани, магнетни полиња или дури шеги. Сега, за прв пат во историјата, научниците од Институтот за океанографија Скрипс ги набљудувале карпите во движење. Тим на Институтот донесе на местото 15 карпи, опремени со GPS, кои се следат со помош на камери.

По тригодишно набљудување, како резултат на експериментот станува јасно дека преместувањето на карпите се должи на збир од фактори. Прво, платото се полни со вода доволно длабоко за да се формира  покривка од мраз во зима, но и доволно плитко, за да се гледаат карпите. Кога ноќе температурите паѓаат, се формираат тенки „листови” мраз. Дебелината  од 3 до 6 мм. им овозможува да се движат слободно. Во сончевите утра мразот, покривајќи ја водата почнува да се топи и се распаѓа на големи  парчиња кои што се движат по површината од благи ветрови.  За два месеци, некои карпи се преселиле со 224 метри, а најголемото движење, вклучува повеќе од 60 карпи истовремено.

- Реклама -