Кои се најопасните места кога грми?

СПОДЕЛЕТЕ

Секој ден метеоролозите предупредуваат за опасност од грмежи.

Затоа добро е  да знаеме барем каде не треба да стоиме за време на бура. Еве 5 од  најопасните можни локации.

Поблиску до дрво

Кога ќе започне да светка, првото нешто што ни доаѓа на ум е да се скриеме некаде каде што сме заштитени од дождот. Но, никако  под дрво! Молњата е производ на електрични  празнења насочни кон спротивните  објекти на земјата. Дрвото е токму таков објект со висока содржина на дрвни сокови и вода. Бегајте подалеку од него.

На голф

Голф здруженија дозволуваат прекин на играта при опасност од грмежи. Колку и да е убав, голфот е опасна „цел” за грмењето – обемен и отворен простор, на кој што  се наоѓаат луѓе со издигнати метални стапчиња. Со својата температура од над 20 000 степени целзиусови и напон од десетици милиони волти молњата никако не е за потценување. Затоа заборавете на голфот.

Во мал брод

Ако сте среде водата, а кон вас се доаѓаат крупни облаци, тоа е знак дека треба да започнете да се повлекувате. Особено ако се наоѓате на мал брод со високо копје и без кабина.

Во дворот

Да си во дворот на лошо време воопшто не е добра идеја. За време на грмењето побезбедно е да сме внатре во своите домови. Дури дома не е препорачливо да сте блиску до када или туш, да користите телефон или било каков електричен уред кој може да создаде привлекување.

На отворено поле

Без разлика дали е поврзано со  земјоделска работа, или едноставно забава, не треба да се останува на полето за време на грмењето. Ако сепак немате каде да се скриете, тргнете се од ридови и изолирани дрвја. Наведнете ја главата и покријте ги ушите.

- Реклама -